Викендов, поради настапите на нашите репрезентации, нема да се играат мечеви од ПМФЛ и ВМФЛ. Есенскиот дел продолжува наредниот викенд или поточно кажано, в петок (21 ноември) со еден меч од ПМФЛ и сите натпревари од 13.коло во второлигашката конкуренција.
И токму во петок ќе се игра големото дерби меѓу Шкендија (А) и Брегалница, меч кој би можел да се покаже решавачки во битката за првото место и дирекнтниот влез во елитната лига, посебно ако се знае дека сега Шкендија (А) има 5 бодови предност пред штипските “сини“ и со победа би имала +8.
Инаку не паметиме некогаш мечеви од ВМФЛ да се играле во петок, но сега ова е направено од практични причини ако се знае дека 14.коло е закажано за во вторник (25 ноември).
Да кажеме и тоа дека со мечевите од 15.коло, кои се играат на 29 ноември, завршува есенскиот дел од оваа тековна сезона во ВМФЛ.










