Нема повеќе непоразени: МЗТ Скопје и натаму е класа за ТФТ (ФОТО)

108

МЗТ Скопје го доби дерби дуелот со ТФТ во рамките на седмото коло. Актуелниот македонски првак славеше со 80-67 и му го нанесе првиот пораз за тимот од Тафталиџе оваа сезона.

Мекејден со 20 поени беше прв стрелец кај победникот, додека Магдевски беше стрелец на 17. На другата страна Говенс имаше 23 поени.

ТФТ на овој меч поведе само на стартот (4-6), момент по кој домаќинот со серија од 9-0 поведе со 13-6. Нешто подоцна со пет поени во низа ја запиша и првата двоцифрена предност од 21-11. МЗТ Скопје и во следниот период успеа да го задржи водството со тоа што на одморот замина со плус 11 (44-33).

ТФТ во третата четвртина добро отвори, после негативата од 46-36 дојде на минус три во неколку наврати, но не успеа да го задржи истиот ритам, па МЗТ Скопје повторно дојде на двоцифрени плус 15 (68-53).

Гостите бараа начин како да се вратат во овој меч, но истиот не го најдоа, бидејќи „сино-белите“ ја имаа контролата на резултатот.

ПретходноАпсолутно заслужено: Пешевски во тимот на колото во ЛШ! (ВИДЕО)
СледноДон Карло смета дека неговиот Бразил не е меѓу фаворитите на СП!