Никола Митревски ја има втората најдобра одбрана во Лигата на шампиони (ВИДЕО)

9
Фото: Еурофарм Пелистер

Пелистер дојде во втората победа во Лигата на шампиони откако на домашен терен го совлада Пик Сегед. Ракометарите на македонскиот првак одиграа одличен меч и сосема заслужено на крајот се радуваа на триумфот.

Во Топ 5 одбрани после завршување на седмото коло се најде македонскиот голман, Никола Митревски. Тој ја има втората најдобра одбрана. ЕХФТВ се одлучи тоа да биде интервенцијата при водството на Пелистер од 5-1, кога Митревски фати чист зицер на Пик Сегед од контранапад.

Со оглед на тоа дека ЕХФТВ подоцна ги споделува на социјалните мрежи најдобрите, одбраната на Митревски можете да ја видите на видеото во продолжение (во 46-та секунда) или пак на ЕХФТВ каде ќе мора да се регистрирате. 

ПретходноПеро Антиќ и натаму е легенда во НБА-лига!