Ашаданов направи една промена во ростерот за дуелот со Грција

0
фото: kfsm.mk

Со една промена во играчкиот состав ќе биде нашиот женскиот сениорски национален тим за наредниот натпревар од квалификациите за Евробаскетот 2027 година, оној против селекцијата на Грција.

Со оглед на „структурата“ на наредниот противник, селекторот Александар Ашаданов се одлучи за една малку, поинаква, односно повисока формација, и во „финалните 12“ ја стави Теа Трајковска, која ќе треба да биде во онаа внатрешна линија во нашата селекција во која се Мерит Хемпе, Ивана Кметовска, Матеа и Милица Николиќ.

Трајковска влегува во официјалниот протокол за натпреварот на местото на Јана Пислевска, која останува со тимот, во кој е и Мартина Маркоска.

ПретходноШтипјани оптимисти: Имаме шанси да ги минеме Норвежаните