Перо Антиќ и натаму е легенда во НБА-лига!

63

Атланта синоќа на домашен терен славеше против Јута на гостински терен со 132-122. На трибините „јастребите“ имаа поддршка, а во центарот на вниманието се најде еден фан, кој го носеше дресот на Перо Антиќ.

Единствениот Македонец кој заиграл во НБА-лигата беше член на овој тим од 2013 до 2015 година. Антиќ остана легенда на Атланта, а за тоа говори и овој фан, кој се уште гордо го носи дресот на поранешниот претседател на КФСМ и македонската репрезентација.

Фотографијата ја сподели токму Атланта на Х мрежата и напиша: Требаше да знаеме дека нè очекува нешто посебно кога го видовме овој навивач.

И така беше…Перо е легенда во светски рамки.

 

ПретходноЦрвениот картон на Кристијано Роналдо е најлошо сценарио за Португалија
СледноНикола Митревски ја има втората најдобра одбрана во Лигата на шампиони (ВИДЕО)