Првото појавување во јавноста: Екс-претседателот на Шпанската федерација гаѓан со јајца! (ВИДЕО)

38

Поранешниот претседател на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес, беше гаѓан со јајца и домати, за време на презентацијата на неговата нова книга вчера во Мадрид.

Рубиалес, осуден за сексуален напад откако ја бакна шпанската репрезентативка Џени Хермосо во уста по победата на женската репрезентација на Шпанија на Светското првенство, не се појавуваше во јавноста неколку месеци, па сега неговиот прв настап не помина добро.

„Открив дека тој е мој чичко, се вика Луис Рубен“, изјави Рубиалес.

„Фрлаше јајца по мене затоа што е луд човек и не мислам дека има оправдување за тоа. Го уапсија, го одведоа и ќе мора да преземеме мерки против него затоа што искрено мислев дека е вооружен“, рече поранешниот претседател на Шпанската фудбалска федерација.

ПретходноВардар лесно и убедливо ја совлада Струга
СледноИ што сега: Голот на Ван Дајк против Манчестер Сити бил погрешно поништен! (ФОТО)