Хрватска се “чекираше“ на СП, Холандија и Германија ќе почекаат до последното коло!

33
ФОТО: Hrvatski nogometni savez/FB

Иако сензационално губеше со 0:1, сепак Хрватска како домаќин во Ријека, славеше против Ф. Острови со 3:1 и со тоа и официјално се пласира на СП 2026. На избраниците на Златко Далиќ им требаше само бод, но секако дека поубаво е со победа да го зачиниш пласманот на Мундијалот. Стрелци на головите за “коцкестите“ беа Гвардиол, Муса и Влашиќ за конечна заверка на првото место во групата Л. Со овој пораз на Ф. Острови, Чешка заврши како втора и ќе игра во баражот.

Германија со многу мака, ама сепак успеа да дојде до планираната победа на гости кај Луксембург, и тоа со двата гола на Волтемаде. Словачка дома ја победи С. Ирска со 1:0, па така во пресрет на последното коло и двете селекции имаат по 12 бода. Во тоа последно коло играат токму овие селекции, на Германија и одговара и реми за да заврши како прва во групата А и обезбеди директен пласман на СП, додека на Словаците за тоа прво место им треба само победа, со оглед на тоа дека “Панцерите“ имаат подобра гол разлика.

Во дербито на вечерта во овие квалификации, Полска и Холандија одиграа 1:1, стрелци на головите беа Камински и Депај. Ова значи дека Холандија има +3 бода и против Литванија, дома, ќе и биде доволно и бод за да заврши како прва во групата Г. Може и со пораз ако се знае дека имаат +13 голови во однос на Полјаците, кои играат против Малта на гости.

ПретходноСпоред ИФФХС: Шкендија и Вардар се убедливо најдобрите клубови во Македонија!
СледноНова катастрофа на тимот на Жељко Обрадовиќ, Партизан поразен од најслабиот тим во Евролигата!