Денеска со почеток од 18:00 часот, македонската репрезентација до 19. години го игра вториот дуел од квалификацискиот турнир во Португалија. Нашиот противник е токму домаќинот, кој што во првото коло сензационално одигра само 1:1 против репрезентацијата на Естонија.
Ние пак како што е добро познато го започнавме овој турнир со минимален пораз од Белгија од 1:0. На тој меч се истакна нашата одбрана, која што имаше тешка задача да се справи со сериозно квалитетниот противник кој што во својто состав има повеќемина играчи со деби во белгиската Јупиер лига.
Денеска посакуваме пак сосема спротивно. Нашиот напад да биде во преден план и да создаде простор да ги освоиме првите бодови на овој турнир.










