Кошаркарките оптимистички расположени ја пречекуваат Грција

37

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија по победата од Данска, вечерва од 18 часот, ќе има нова шанса за докажување, овојпат против уште посилна селекција каква што е Грција.

Во обид да реализираме нешто што до скоро се чинеше невозможна мисија, да пробаме да бидеме подобри од нашите јужни соседи, кои во Скопје дојдоа „повредени“ по оној за нив неочекуван пораз во дуелот со селекцијата на Хрватска, на домашен терен во Кожани пред некоја вечер.

Со многу повисок степен на самодоверба, уште поголема мотивација да се направи нешто повеќе, го дочекуваат овој меч нашите девојки, во обид да покажат уште повеќе во однос на она против своите колешки од Скандинавија.

Пренесено и преку очекувањата на Илина Селцова, „фактор икс“ во нашата премиерна победа на домашен терен остварена по една долга, долга временска пауза.

„После победата со Данска, имаме уште поголема мотивација за она што следува односно натпреварот со Грција. Знаеме сите добро за каква селекција се работи. Но ветувам дека ние ќе дадеме се од себе, и со една максимално пожртвувана игра ќе му се спротивставиме на фаворизираниот ривал“.

Нашиот репрезентативен бек не гледа причина зоошто не би имале уште една победа на своето конто во квалификациската група „Ф“.

„Ако победивме еднаш, зошто да не победиме повторно. Се е можно. И искрено се надевам дека ќе биде така, со максимум од сите оние кои вечерва ќе истрчаат на теренот во “Кале“. Ако ги испратиме до крај инструкциите и договорот за игра на тренерите, би требало да биде ОК. Очекувам и многу поголема поддршка од публиката. Ни треба, особено на вакви натпревари, против многу квалитетни репрезентации каква што пред себе ќе имаме вечерва“– смета Селцова пред вечерашниот натпревар со еден од топ-фаворитите не само во напата квалификацциска група туку и на наредниот Евробаскет.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2027-ЖЕНИ

ГРУПА „Ф“

ДВОЈКИ – 2 КОЛО

ДЕНЕСКА:

18.00. МАКЕДОНИЈА – Грција

18.00: Хрватска – Данска

ПретходноПСЖ има план како да го земе Винисиус од Реал без пари
СледноПролет гостин во Кавадарци: Знаеме каква атмосфера не очекува таму, победа може да ни донесе многу