Маџари му го зеде скалпот и на Работнички

73
фото: КК Маџари ГБ (FB)

Дебитантот во Супер-лигата, Маџари одигра уште одличен меч против голем противник. Избраниците на Миодраг Тодоровиќ ги одмерија силите со Работнички и му нанесоа пораз од 87-80. За дебитантот ова е трета победа сезона.

Првата четвртина мина изедначено 22-23, по што во следниот период гостите го подигнаа нивото на игра, на одморот заминаа со позитива од (38-47). На стартот на третата четвртина Работнички дојде на двоцифрени 40-53.

Иако се чинеше дека ова ќе биде лесна победа за гостите, сепак Маџари со серија од 17-4 дојде водство од 82-73 на две минути до крајот. Томпсон доближи на 82-78, но не остана време за пресврт.

Грин со 25 поени беше лидер кај победникот каде Хот имаше 16 поени и 14 скока. На другата страна Хатсон имаше 19 поени.

ПретходноСака добива договор за преку 300.000 фунти неделно
СледноБелгија пропушти денеска да осигура пласман на СП!