Најдобриот стрелец на Финска и кажа збогум на репрезентацијата (ВИДЕО)

40

Еден од најдобрите играчи во историјата на Финска, и играчот со најмногу постигнати голови во дресот на оваа земја, Теему Пуки и официјално се збогува со репрезентацијата.

На пријателскиот дуел против Малта, кој патем Финска го загуби со 1:0 (!?)…. Пуки и официјално кажа збогум од националниот тим.

Пуки, кој веќе има 35 години не можеше да ги сокрие солзите и емоциите при простувањето од очигледно омилениот дрес.

Пуки во моментов игра за тимот на Хелсинки.

 

 

ПретходноПелистер 2 победнички против Прилеп, Куманово убедлив во Радовиш
СледноБеќири:„Задоволен сум само од тоа што планот е остварен“!