Нема одмор за Шкендија, против Шкупи ја продолжува трката по водечките

56
фото: KF Shkëndija (FB)

Екипата на Шкендија денеска против Шкупи ќе го одигра заостанатиот натпревар во рамките од 12. коло. И во мигови кога има пауза, и кога тетовскиот тим дава неколку репрезентативци (Рамадани, Цаке, Гаје), сепак, се реши да го одигра овој меч. Тетовските „црно-црвени“ важат за големи фаворити против последнопласираниот тим на табелата.

Сепак, од таборот на актуелниот првак не сакаат да го потценат ривалот. Велат дека оние кои ќе излезат на теренот во Струга, ќе го дадат максимумот за да се освојат трите бода.

„Кога сите одмораат, ние мора да играме. Но, кога ќе размислиме зошто мораме да настапуваме и во овoј викенд е јасно дека Шкендија донесе европски фудбал во Македонија оваа година и ги направи сите навивачи горди. Атмосферата во тимот е добра, влегуваме во мечот по позитивен резултат во Европа против Јагелонија, и убедлив триумф против Македонија ЃП кој нѝ даде дополнителна самодоверба. Се подготвуваме како и за секој меч, без разлика на противникот. Знаеме дека Шкупи има проблеми оваа сезона, но мора да го почитуваме секој противник, и не смееме да го потцениме. Го респектираме нашиот ривал и ќе одиме на победа, да го продолжиме нашиот пат во првенството, за на крај да бидеме на врвот на табелата“, изјави младиот играч на Шкендија, Лорик Јакупи.

Натпреварот ќе се одигра во Струга со почеток од 13 часот.

ПретходноСака бара договор со кој ќе остане во Арсенал до крајот на кариерата
СледноПСЖ има план како да го земе Винисиус од Реал без пари