Сака бара договор со кој ќе остане во Арсенал до крајот на кариерата

47
фото: OptaJoe (X)

Букајо Сака им соопштил на првите луѓе на Арсенал, дека сака целата своја кариера да ја помине во дресот на лондонскиот гигант.

Според инсајдерот Фабрицио Романо, крилниот напаѓач се согласил со ставот на својот клуб дека треба да се направи нов долгорочен договор. Преговорите за него напредуваат добро. Се очекува страните наскоро да се согласат за сите услови на договорот, кој сигурно ќе го задржи англискиот репрезентативец на „Емирати“ долго време.

Сака одигра девет натпревари во Премиер лигата оваа сезона, постигнувајќи три гола, но и натаму е една од клучните фигури во составот на Артета.

ПретходноФухсе Берлин го „краде“ Цехте од Пелистер како замена за повредениот Виде
СледноНема одмор за Шкендија, против Шкупи ја продолжува трката по водечките