33-годишниот словенечки интернационалец, Нејц Цехте, кој е актуелен член на македонскиот шампион Е. Пелистер, е на пат да се пресели во Германија. Словенечките медиуми утрово пишуваат дека за Цехте сериозно е заинтересиран германскиот гигант Фухсе Берлин.
Германците наводно се подготвени да платат отшета за да го добијат Цехте во своите редови. Нејц веднаш би се преселил во Берлин како директна замена за повредениот Виде, кој веќе ја заврши сезоната.
Цехте има искуство од настапи во Бундеслигата, затоа шт четири сезони го носеше дресот на Хановер.










