Викендов продолжи ФИС светскиот куп во алпско скијање со слаломските трки во машка и женска конкуренција.
Денеска на програмата беше трката на дамите во која неприксновено триумфираше Микаела Шифрин.
Таа уште на првата трка даде до знаење на каде ќе се движат нештата денеска, а во продолжението само ја потврди доминацијата.
На втората позиција се пласираше Лара Колтури од Албанија, додека третата позиција ја завзема Ема Аичер од Германија.










