Шкендија се врати од негатива и го победи Шкупи (ВИДЕО)

108

Актуелниот бранител на титулата во домашниот фудбалски шампионат, тимот на Шкендија, на потешкиот начин стигна до нова победа во шампионатот. Во дуелот против последнопласираниот тим на табелата, екипата на Шкупи, тетовци мораа да се враќаат од негатива, за да стигнат до победата од 1:2.

Навидум лесната задача за Шкендија, се претвори во мини хорор и тоа на тешкиот за игра терен во Струга. Таму како по обичај своите мечеви ги игра тимот од Чаир затоа што неговиот стадион одамна е под суспензија.

Како и да е, тоа на Шкупи не му попречи за да дојде до изненадувачко водство во 57. минута од мечот, преку Рибеиро.

Сепак, Шкендија не би била шампион доколку и на ваков лош момент реагира согласно со својот квалитет.

Не испаничи напротив, се префрли на противничката половина и преку Имран фетаи стигна до израмнување во 72. минута.

Само осум минути подоцна, Лиридон Љатифи го спасува шампионот од бламажа и ги постигнува конечните 1:2.

ПретходноДомаќинот Португалија, нов предизвик за нашите момци
СледноПелистер го победи Новаци на пријателски дуел