Уф, каков меч во Зеница! Неверојатен, фантастичен по кој сега цела БиХ е на нозе. Босанците ја победија вечерва Романија со 3:1, иако гостите водеа со 0:1 со голот на Бирлигеа во 17.минута. Сепак четата на селекторот Сергеј Барбарез направи пресврт и со головите на Џеко, Бајрактаревиќ, овој вториот беше фантастичен, и на Табаковиќ, и победи со 3:1.
Па така сега БиХ има обезбедено бараж, но има и тоа какви шанси за прво место во групата Х. Имено Австрија во пресрет на последното коло ијма 18 бодови а БиХ 16, но во вторник во Виена се среќаваат овие две репрезентации во директен дуел за директен пласман на СП 2026.
Секако дека во Виена на „Ернст Хапел“ во вторник навечер ќе биде и повеќе од ПЕКОЛНО.
Косово на гости славеше против Словенија со 0:2, со головите на Аслани и Карничик (автогол), па така сега има најмалку бараж. Има некои теоретски шанса дури и за прво место, но ќе треба во вторник дома да ја победи Швајцарија со 10 голови разлика, ако се знае дека Швајцарија вечерва славеше против Шведска со 4:1.
Сепак за Косово и ова е историски успех, за првпат селекцијата на оваа земја ќе игра бараж за СП. Косово е пред портите бна рајот, секоја чест.
Кикс на Шкотска на гости кај Грција и пораз од 3:2, додека Данска со многу мака дома одигра 2:2 со Белорусија. Па така сега Данците имаат 11 бодови а Шкотска 10, но во вторник во Глазгов играат овие две селекции.
Во секој случај во вторник ќе биде супер интересно и во оваа група. Шкотска има златна шанса за директен пласман на Мундијалот.










