Нов спектакл во светот на тенисот. Утре во финалето на Завршниот Мастерс во Торино се среќаваат Карлос Алкараз и Јаник Синер. Фановите на тенисот тоа го очекуваа, тоа и го добија. Најдобриот тенисер во светот во моментов, Карлос Алкараз, се пласираше во финалето на Завршниот Мастерс во Торино. Во полуфиналето, тој го победи Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим со 2:0 во сетови.
А во гемови беше 6:2 и 6:4, мечот траеше еден час и 24 минути.
На овој начин, Шпанецот закажа големо финале со својот најголем ривал Јаник Синер. Претходно денес, Италијанецот го победи Алекс де Минор со 2:0 во сетови.
Тоа ќе биде вистинската круна на тениската сезона, бидејќи Алкараз и Синер брутално доминираат во овој спорт две години.
И оваа и минатата година, тие поделија два трофеи од Гренд слем, ги освоија сите најважни турнири и започнаа соперништво кое ќе ја одбележи следната деценија.
Алкараз ќе се бори за овој пехар за прв пат во својата кариера, додека Синер ќе го брани.
Финалниот натпревар нема да го има гламурот на борбата за првото место на АТП листата, бидејќи Алкараз веќе го обезбеди со три триумфи во групната фаза.










