Клуб од Премиерлигата го “краде“ Ендрик!

0
ФОТО:Screenshot

Дали на повидок е пресврт во однос на тоа каде би ја продолжил својата кариера младиот напаѓач на Реал Мадрид, Ендрик? За да го врати своето место во репрезентацијата пред Светското првенство, Ендрик пред сè мора редовно да игра, а тоа е она што му го нуди Лион во Франција.
Веќе наголемо се шпекулира дела Реал Мадрид и Лион се во напредни преговори во врска со позајмицата за која овој фудбалер треба да оди во јануари.
Сепак, деновиве се појави информација дека Челзи се обидува да го „киднапира“ Ендрик од Лион и да го донесе во Лондон.
Доколку ја прифатеше понудата и отидеше во Челзи, Ендрик би играл таму со Бразилците Андреј Сантос, Естевао и Жоао Педро.

ПретходноАшаданов:“Овој тим покажа карактер, ниту еднаш не се предаде“!