Лихтенштајн – Велс 0:1: Сега Македонија и со реми во Кардиф ќе заврши како втора во групата!

1
ФОТО: FA Wales/FB

Очекувано, но многу потешко од очекувањата, Велс вечерва славеше со 0:1 на гостувањето кај Лихтенштајн и тоа со голот на Џејмс во 62.минута. Стравувавме од победа на Велс со повеќе од пет разлика, но добро е, тоа не се случи па така сега нас во Кардиф во вторник доволно ќе ни биде и реми за да на крајот завршиме како втори во групата и со тоа се избориме за бараж преку квалификациите.

Со пораз сме трети, тука веќе нема дилеми ако се знае дека и Велс и Македонија во пресрет на тој меч од последното коло во квалификациската група Ј за пласман на СП 2026, имаат по 13 бода, но ние имаме подобра гол разлика, додека Белгија игра дома со Лихтенштајн.

Ако се случи чудо во Лиеж, ако Лихтенштајн ја победи Белгија, тогаш ние со победа во Кардиф ќе одиме директно на Мундијалот.

Како што е познато, Македонија преку Лигата на Нации има обезбедено сигурен бараж, но јасно е дека подобро да бидеме таму преку квалификациите околку преку ЛН.

ПретходноВо Кардиф вечерва фудбалот е во втор план, се гледа рагби