И дефинитивно нашиот репрезентативен голман Мартин Томовски е во фантастична форма на голот на Битигхајм. На денешното гостување кај составот на Крефелд, во меч од 11.коло во втората Бундеслига, македонскиот голман имаше неверојатни 20 одбрани и со тоа и како му помогна на својот тим да дојде до победа со 19:32.
Од тие 20 одбрани на Томовски, два беа од седум метри.
Нема што, Мартин Томовски оваа сезона просто брилјира на голот на тимот на Битигхајм.










