Македонија тивко и без помпа ќе замине за Велс (ВИДЕО)

106

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го одржа последниот тренинг на домашно тло, пред утре да замине за Кардиф, каде што на 18 ноември ќе го одигра последниот дуел од актуелната Мундијалска кампања против домаќинот Велс.

Иако ова е за нас историска шанса за пласман на најголемата фудбалска претстава на планетава, сепак, репрезентативците во мир и тишина се подготвуваат за истата.

Втората позиција на табелата и засега скоро без пораз ни дава и тоа како добра најава за она што следува во Кардиф против селекција со која веќе покажавме дека можеме.

Ремито без голови од пред два дена во Скопје на пријателксиот дуел против Летонија исто како да не се случило, затоа што едноставно тој дуел веднаш падна во заборав. Единствено што е важно во моментов се нашата игра и исходот од дуелот во Кардиф. Истиот може да ни донесе голема радост, која искрено сите ја заслужуваме.

 

ПретходноБелгија пропушти денеска да осигура пласман на СП!
СледноПелистер 2 победнички против Прилеп, Куманово убедлив во Радовиш