Пелистер не го менува ритамот, лесно го реши Бутел Скопје

0
Фото: Еурофарм Пелистер

Пелистер продолжи да реди победи во Супер-лигата, на домашен терен го победи Бутел Скопје со убедливи 31-21 во меч од 12 колл со кое започна и вториот круг.

Битолчани доминираа уште на стартот без проблем дојдоа до позитива од шест гола на одморот (16-10). Во продолжение ракометарите на актуелниот шампион продолжија во ист ритам и рутински го приведоа мечот за убедлива победа.

Петар Атанасијевиќ и Андреј Видомски со по пет гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените Димитар Узунчев постигна шест гола.

За Пелистер ова беше 10 победа во Супер-лига, имаат еден пораз и реми. Бутел Скопје пак го запиша четвртиот пораз во низа,вкупно петти, по добриот старт од четири победи и едно реми.

ПретходноЛихтенштајн – Велс 0:1: Сега Македонија и со реми во Кардиф ќе заврши како втора во групата!