Пролет гостин во Кавадарци: Знаеме каква атмосфера не очекува таму, победа може да ни донесе многу

4
Фото: Тинекс Пролет

Ракометарите на Пролет го стартуваат вториот круг од Супер-лигата со дуел со директен ривал за влез во плејофот, гостувајќи во Кавадарци на тимот на Тиквеш (денеска, 19.45 часот).

Избраниците на Матлиески во првата рунда сезонава ги совладаа кавадарчани, успех што утревечер ќе се обидат да го повторат и на теренот на противникот. Андреј Стојановски е еден од младите ракометари на Тинекс Пролет кои максимално ја користи минутажата што ја добива, преземајќи се позачајна улога во скопскиот суперлигаш.

„Релативно сум задоволен од првиот дел како и на личен така и на екипен план но сепак можевме да имаме поразличен исход на некои натпревари. Имаме уште половина од регуларниот дел за да ги поправиме сите тие грешки и недостатоци и да ја оствариме нашата цел – пласман во плеј-оф“, изјави Стојановски.

Тој е свесен дека кавадарчани се многу поопасни кога играат на домашен терен, а пред Тинекс Пролет утре ќе биде исклучително тешка задача.

„Натпреварот со Тиквеш нема да биде ист како оној во првото коло, сега сме на гостински терен и знаеме каква атмосфера не очекува таму. Долго се подготвувавме за овој дуел бидејки победа може да ни донесе многу. Двете екипи се познаваме и немаме што да сокриеме.  Треба да влеземе максимално уште од првата минута и да бидеме сконцентрирани сите 60 минути за да издвојуваме победа“, истакнува Андреј Стојановски.

Покрај оваа средба денеска во Битола има двојна програма: Е.Пелистер 2 е домаќин на Прилеп (15:30 часот), додека првиот тим е домаќин на Бутел Скопје (18 часот). Во Радовиш, тимот на Куманово е гостин, мечот е заакажан во 16 часот.

ПретходноКошаркарките оптимистички расположени ја пречекуваат Грција