Тиквеш фати залет, преку Пролет до петти триумф во низа

1

Тиквеш го доби дерби дуелот со Пролет, откако на домашен терен славеше со 21-17 . За кавадарчани ова беше петти триумф во низа, седми сезонава во Супер-лигата. На другата страна Пролет го запиша седмиот пораз, има четири победи и реми.

Првото полувреме беше изедначено, домашниот тим имаше позитива од еден гол во неколку наврати, додека Пролет на одморот замина со позитива од два гола (7-9).

На почетокот на вториот дел, гостите водеа и со три гола разлика (8-11), по што кавадарчани се разбудија. Со серија од 7-1 дојдоа до позитива од 15-12. Во меѓувреме Матлиески повика тајм-аут, но на неговиот тим беше потребно време за да дојде до погодок. Тиквеш имаше четири гола позитива, Пролет имаше шанса да намали на минус, но загуби топка во нападот кој можеше да донесе пресврт.

Домаќинот ги искористи сите грешки за сигурно чекорење кон победата.

ПретходноМакедонецот со 20 одбрани: Томовски со уште една фантастична партија!