Конечно и кошаркарирте на Чаир се израдуваа на победа во оваа сезона, прва за нив и тоа извојувана вечерва во рамките на 7.коло против Гостивар со 96:92, но по продолженија.
Тоа беше и тоа како драматичен, трилер меч во кој на крајот се радуваа домашните.
Во регулариот дел беше 83:83, иако во самиот финиш имаа шутеви за победа, но и еднитеи другите не ги искористија.
И потоа натпреварот отиде во продолжение, а таму домашните кошаркари беа нешто подобри и посковентрирани па на крајот и се израдуваа на победата.
Кај победничкиот тим Билингсли запиша 30 поени, Стардивант имаше еден помалку, додека кај поразениот тим најефикасен со 34 поени беше Абрам.










