Њујорк ја доби драмата со Мајами, Харден како во најдобрите денови

27
фото:: Ney York Knicks (X)

Синоќа се одиграа натпреварите од 2 коло во НБА купот, каде во еден од најинтересните натпревари, екипата на Њујорк Никс славеше против Мајами Хит со 140:132. Мечот донесе вистински спектакл под светлата на Медисон Сквер Гарден, каде што Њујорк потсети на некогашните големи дууели меѓу овие два тима од пред две-три децении.

Одлично издание во дресот на Никси имаше Карл-Ентони Таунс, кој во отсуство на Џејлен Брансон ја презеде контролата и со 39 поени, 11 скока и 4 асистенции беше вистински лидер кај домашните. Ландри Шемет заврши со 36 поени, додека Џордан Кларксон постигна 24.

Мајами не можеше да смета на Бам Адебајо, Тајлер Хиро и Тери Розиер (под истрага на ФБИ), па Норман Пауел беше лидер со 38 поени и 5 скока. Хаиме Жакес го заврши натпреварот со 23 поени, додека Ендру Вигинс и Келен Вер постигнаа по 15 поени.

Сан Антонио загуби од Голден Стејт. Стивен Кари, постигна 49 поени вклучувајќи две клучни слободни фрлања што им донесоа на Вориорс водство од еден поен на 6,4 секунди до крајот.

Во натпреварот против Далас, Џејмс Харден го запиша првиот трипл-дабл со 40+ поени во историјата на Клиперси: 41 поен, 14 скока, 11 асистенции.

НБА Куп, 2. коло:

Њујорк – Мајами 140:132

Орландо – Бруклин 105:98

Детроит – Филаделфија  114:105

Хјустон – Портланд 140:116

Милвоки – Шарлот 147:134

Минесота – Сакраменто 124:110

Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 104:118

Далас – ЛА Клипес 127:133

Сан Антонио – Голден Стејт 108:109

ПретходноАко се случи чудо: Македонија би можела да заврши прва во групата и директно да оди на СП!
СледноКрај на една ера: Перез заминува од претседателското место во Реал (М)?