Во Кардиф вечерва фудбалот е во втор план, се гледа рагби

101

Во овој момент се игра мечот меѓу Лихтенштајн и Велс од нашата квалификациска група. Истиот ќе даде јасна слика на кого што му треба во последниот квалификациски дуел за пласман на Светското првенство.

Додека во Вадуц има голем број фанови на Велс, во Кардиф атмосферата е поинаква. Вечерва не се гледа фудбал, бидејќи поглавно е рагбито. Репрезентација на Велс игра на домашен терен против Јапонија, па тие што не се на стадион, во пабови навиваат за Велс. Колку овој спорт е поважен говори фактот дека станува збор за пријателски натпревар.

Македонија  утре патува во Кардиф, каде во вторник ќе ги одмери силите со Велс.

Во најава се 700 Македонци на трибините, а најверниот фан на сите репрезентации популарниот Кипре веќе е таму. Тој ги чека фудбалерите и Фалангата со голема надеж дека нашата репрезентација ќе има голема шанса за пласман на Светското првенство.

ПретходноТиквеш лесно до победа против Ангели!
СледноЛихтенштајн – Велс 0:1: Сега Македонија и со реми во Кардиф ќе заврши како втора во групата!