Дефанзивецот на Арсенал, Рикардо Калафиори го напушти тренинг кампот на Италија, и нема да биде во можност да им помогне на неговите репрезенаттиви колеги за дуелот против Норвешка.
Тој и пристигна во кампусот ровит што се вели, не беше дел ниту од дуелот против Молдавија.
Тренираше инддивидуално, и сега дефинитивно е одлучено дека тој едноставно не е способен во моментов да помогне. Дефанзивецот е веќе на пат за Англија, а лекарскиот тим на Арсенал ќе одлучи што понатаму.










