Македонија со пораз од Грција (ФОТО)

44

Втор меч и прв пораз за нашата најдобра кошаркарска репрезентација вечерва во СРЦ “Кале“ во Скопје во рамките на квалификациската група Ф за пласман на ЕП, во таа прва фаза. Македонија – Грција 84:101 е исходот од овој меч. Иако поразот е убедлив, сепак нашите кошаркарјки одиграа уште еден добар натпревар по оној со Данска на кој славевме во неизвесна завршница.

Македонија добро го отвори мечот, во таа прва четвртина на моменти имавме и водство, но сепак на крајот беше 23:23, значи резултатски егал. Грчките кошаркарки го искажаа својот квалитет во вториот период кој го добија со 16:36 и се чини дека тука го решија победникот. Потоа се беше полесно за гостинките иако во продолжение од средбата нашите кошаркарки одиграа добро и се обидуваа да фатат резултатски приклучок. Уште повеќе тие и ја добија последната четвртина, но сепак на крајот доживеан беше убедлив пораз.

Следниот натпревар во овие квалификации ќе го одигра со Хрватска на гости.

Во нашата репрезентација се истакнаа Митрашиновиќ со 23 поени, Селцова запиша 19 а Хемпе 16. Од друга страна кај гостинките најефикасна беше Христинаки со 23 поени.No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.

No description available.

ПретходноПелистер не го менува ритамот, лесно го реши Бутел Скопје
СледноУ-19: Португалија е пресилна за Македонија