Потврдени 700 македонски навивачи во Кардиф

65

Со обезбедена фан зона, полициска придружба и сите пропратни елементи кои што се потребни за ваков настан, навивачката група која што ќе ја бодри Македонија на последниот натпревар од овие квалификации во Кардиф, против Велс на 18 ноември е подготвена.

Коресподенцијата со Фудбалската федерација на Македонија, која што обезбеди 700 билети за овој дуел, полицијата во Кардиф, како и организаторите на навивачјата група беше интензивна во последните денови, и истата вроди со плод. Планот е подготвен и би требало да профункционира перфектно.

Деталите околу ФАН зоната и начинот на кој што нашите навивачи организирано ќе се упатат кон стадионот ги имате во продолжение:

 

Место на собирање: St Mary St, Cardiff CF10 1AD (помеѓу двата паба Proud Mary Pub и O’Neill’s) 👉 Google Maps локација https://maps.app.goo.gl/C9uq6NhiBygrwdEZ7?g_st=ac 🕛 Време на пристигнување: Не е строго одредено, но пожелно е да се собереме околу 12:00 часот — и забавата може да започне! 🎉 🚶‍♂️ Марш кон стадионот (кортео): Во придружба на велшката полиција ќе тргнеме кон стадионот помеѓу 18:00 и 18:30 часот. ⏱️ Времетраење: приближно 30–35 минути пеш📏 Растојание: околу 1.5 милја (2.4 км)

ПретходноПолска е последната шанса за некаков успех во овие квалификации
СледноДомаќинот Португалија, нов предизвик за нашите момци