Кошаркарите на Тиквеш вечерва во меч од домашната елитна лига славеа како гости кај тимот на Ангели со 63:88. Кавадарчани им се вратија на победите, откако полесно од очекувањата славеа на гости.
Домашните во првата фаза од оваа средба од 7.коло успешно се носеа со кавадарчани, на пауза се замина само со +5 поени разлика на гостите.
Сепак следуваше далеку подобра игра на кошаркарите од Кавадарци кои на крајот дојдоа до уверлива победа со +25 поени разлика.
Андерсон со 20 поени беше најефикасен кај победничкиот тим, по 16 запишаа Глигоријевиќ и Ховкинс, додека кај домашните забележителен настап имаше Ибраими со 16 поени.










