Нашата У-19 репрезентација, вечерва во меч од 2.коло на квалификацискиот турнир во Гимараеш, е поразена од Португалија со 4:1. По поразот од Белгија со 0:1 на стартот, вечерва домашната селекција едноставно покажа дека во овој моменрт е пресилна за нашите надежи.Ова значи дека по 2.коло ние сме на последното место на табелата, Естонија, со која играме на 18 ноември, со два бода е трета, а Белија и Португалија се на првите две места.
Што се однесува до вечерашниот меч, домашните поведоа со голот на Патрао уште во 6.минута. Руи Силва дваесет минути подоцна го удвои водството, а Соареш до крајот на првиот дел стрелаше за 3:0. Тровиско во 66 минута реализираше за 4:0, додека Саботиќ на крајот ги постави конечните 4:1.
За Македонија на овој меч настапија Илоски, Аслани, Цека, Стојаноски, Мехмедм, Андоновски, Саботиќ, Дамјановски, Радевски, Бранкоски и Љатфи. Подоцна во игра влегоа и Мурџески, Локи, Киш, Али и Касами.










