Чаир по продолженијата го победи Гостивар!

25

Конечно и кошаркарирте на Чаир се израдуваа на победа во оваа сезона, прва за нив и тоа извојувана вечерва во рамките на 7.коло против Гостивар со 96:92, но по продолженија.

Тоа беше и тоа како драматичен, трилер меч во кој на крајот се радуваа домашните.

Во регулариот дел беше 83:83, иако во самиот финиш имаа шутеви за победа, но и еднитеи другите не ги искористија.

И потоа натпреварот отиде во продолжение, а таму домашните кошаркари беа нешто подобри и посковентрирани па на крајот и се израдуваа на победата.

Кај победничкиот тим Билингсли запиша 30 поени, Стардивант имаше еден помалку, додека кај поразениот тим најефикасен со 34 поени беше Абрам.

ПретходноТиквеш фати залет, преку Пролет до петти триумф во низа
СледноАшаданов:“Овој тим покажа карактер, ниту еднаш не се предаде“!