Брејси Дејвис: Пред нас е тежок меч, но можеме до триумф во Куманово

32
фото: KK Pelister (Facebook)

Пред кошаркарите на Пелистер е уште еден дерби натпревар, тие вчерва се гости н Куманово, дуел кој се игра во 19 часот. Битолчани на оваа средба влегуваат со скор од пет победи и еден пораз, ист учинок како и тимот предводен од Марин Докузовски.

Американецот Кевин Брејси Дејвис, кој се наметна како еден од клучните играчи во тимот на Пелистер, верува дека може да се стигне до резултатот што сите во Пелистер го посакуваат.

„Секако дека сакаме победа во Куманово, верувам дека сме способни да одиграме на највисоко ниво и да триумфираме на овој гостински меч. Против себе имаме квалитетен тим, состав што е особено силен во рекетот, така што не очекува голема борба за секоја топка. Мораме да покажеме висока енергија ако сакаме да славиме над ваков ривал. Колективност во нападот, максимална ангажираност во одбраната, тоа е она што треба да се направи во текот на сите 40 минути. Сметам дека не треба да менуваме премногу во однос на последните мечеви без оглед што ги загубивме, она што треба да се поправи е да обрнуваме внимание на деталите во одбраната“, вели Брејси Дејвис во пресрет на денешниот дуел со кумановци.

Покрај оваа средба во рамките на седмото коло во Супер-лигата, претходно силите ќе ги одмерат Феникс и Кожув мечот стартува во 18:30 часот.

ПретходноЧелзи го договори својот прв трансфер за јануари…2028 година! (ФОТО)
СледноВажни три бода за Струмица жени во Битола