Да се знае кој е кој: Новак Ѓоковиќ урна уште еден рекорд!

126
фото: Novak Djokovic (X)

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, постави уште еден рекорд во својата веќе преполна кариера. Според официјалните бројки, Ѓоковиќ сега е тенисерот со најмногу недели поминати меѓу првите четири на АТП ранг-листата, вкупно 808.
Оваа бројка се надополнува на низата рекорди што веќе ги држи. Ѓоковиќ го држи рекордот по број на недели на првото место на ранг-листата, вкупно 428, потоа по број на недели во ТОП 2, 599, како и во ТОП 3, каде што помина 756 недели. Со своето најново достигнување, тој стана играчот кој поминал најдолго време на која било од првите четири позиции на АТП ранг-листата.

Србинот неодамна ја освои 101-та титула во својата кариера. Тој ја освои новата титула на АТП турнирот во Атина, каде што го победи Лоренцо Мусети со 2:1 во сетови, 4:6, 6:3, 7:5, на 38-годишна возраст. Моментално е четврти на АТП ранг-листата со вкупно 4830 поени.

ПретходноРакометарките на Металург елиминирани во ЕХФ Европскиот Куп!
СледноЕве како Македонија може да биде домаќин во полуфиналето во баражот за СП!