Масовна тепачка во УФЦ: Тимскиот колега на Мекгрегор во конфликт со Дагестанци (ВИДЕО)

219

Ислам Махачев е новиот шампион во велтер категоријата на УФЦ (до 77 кг). На манифестацијата УФЦ 322 во Њујорк, целосно го доминираше поранешниот шампион, Австралиецот Џек Дела Мадалена (29) и победи со едногласна одлука на судиите по пет рунди (50-45 x3).

Дагестанецот стана 11-ти борец во историјата на УФЦ кој успеал да освои појас во две различни тежински категории, откако претходно беше шампион во лесна категорија.

Тепачка во арената

Пред да започне главниот дел од вечерта, камерите забележаа тепачка во публиката, во која најистакнат учесник беше тимскиот колега на Конор Мекгрегор – Дилон Данис.

Дури и коментаторите не можеа да ја игнорираат ситуацијата.  Брзо стана јасно дека во инцидентот, покрај Данис, учествувал и Магомед „Чанко“ Зајнуков, тимски колега на Махачeв. Зајнуков е ново засилување на УФЦ кое оваа недела привлече големо внимание од фановите, кои го нарекоа „Џон Порк“ поради наводна сличност со интернет-мем.

Обезбедувањето брзо реагираше, ги раздвојуваше завојуваните страни, а Дилон Данис беше изнесен од арената.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMA Junkie (@mmajunkie)

ПретходноДобра вест за Македонија: Велс остана без двајца клучни фудбалери!
СледноМитрашиновиќ го урна рекордот на Гаврливоска и испиша историја!