Митрашиновиќ го урна рекордот на Гаврливоска и испиша историја!

58

Македонската женска кошаркарска репрезентација не успеа да дојде до втора победа во првата фаза од квалификациите за пласман на Европското првенство 2027, беше совладана од Грција со 101-84.

На оваа средба беше испишана е уште една страница од историјата во женската кошарка. Анџелика Митрашиновиќ со 23 поени против Грција стана најдобар стрелец во сениорската репрезентација на Македонија.

Капитенот на нашата селекција дојде до вкупно 419 поени и на оваа листа ја помина легендарната кошарка Моника Гавриловска која има 403. поени (на 28.одиграни натпревари).

„Не знам навистина што да кажам, што да додадам на оваа ваша констатација. Нормално дека ми е драго кога ќе го чујам тоа. Макар, еве досега, до овој момент не ни помислив, не сум ни размислувала за една ваква работа, … Сепак, тоа е еден огромен успех, на личен план. И да, не сум навикната да зборувам, лично за себе, подобро е другите да зборуваат, оценуваат, коментираат“, изјави Митрашиновиќ.

Митрашиновиќ го одигра својот 33. натпревар за Македонија, па извесно е дека ова нејзино постигнување од натпревар во натпревар ќе расте, и ќе биде уште потешко достижно за генерациите кои доаѓаат.

ПретходноМасовна тепачка во УФЦ: Тимскиот колега на Мекгрегор во конфликт со Дагестанци (ВИДЕО)
СледноКако никогаш досега: Македонија би можела без пораз да ги заврши квалификациите!