Сите фанови во боксот веќе одамна сонуваат на еден мега – спектакл, и тоа во рингот да ги водат Ентони Џошуа против Тајсон Фури. И конечно тој сон, со задоцнување може да се оствари во текот на следната година, поточно во септември.
Инаку и двајцата Британци, некогашни светски прваци во тешка категорија се далеку од посакуваната форма. Џошуа повеќе од една година е надвор од рингот, додека Фјури официјално се пензионораше. Сепак имињата на двајцата кои секако нешто значат во светот на боксот и нивната евентуална борба, јасно е дека за фановите е нешто големо.
Во секој случај, ако таа борба навистина се оствари, тогаш тоа ќе биде мега – спектакл во светот на боксот.










