Неверојатно: Фудбалер во Израел суспендиран на 99 години!

34

Ете и тоа го има во светот на фудбалот, и тоа во Израел. Неверојатно и крајно невообичаено. Имено 17-годишен фудбалер на локалниот младински тим „Ирмијагу Холон“ доби 99-годишна суспензија поради претепување на противник во соблекувалната по натпревар.
Ова е веќе втор случај во последните година и пол во кој дисциплинскиот суд на Израел применува толку строга мерка.
Како што објави порталот N12, инцидентот се случил по натпревар на младински тимови, кога тинејџер нападнал еден од противниците.
На интернет се појави видео од тепачката, по што „Ирмијагу Холон“ го исклучил сторителот од тимот. Дисциплинскиот суд на Израелската фудбалска асоцијација зазеде уште построг став, забрана до 2124 година.
Според овие наводи, судијата Ноам Леовин нагласи во пресудата дека играчот веќе имал дисциплинска казна за тепачка пред една година и дека му е дадена „втора шанса“, но не се подобрил.
„Бидејќи го направи тоа што го направи, не можам да замислам околност под која би добил уште една шанса. Затоа го исклучувам од фудбалот засекогаш“, рече судијата. Покрај суспензијата до ноември 2124 година, фудбалерот е казнет и со 2.500 шекели (околу 663 евра). Неговиот тим исто така доби парична казна и суспендирани бодови.

ПретходноКако никогаш досега: Македонија би можела без пораз да ги заврши квалификациите!
СледноПознатиот Дани Макели ќе ни суди во Кардиф!