Познатиот Дани Макели ќе ни суди во Кардиф!

96
ФОТО: Х

Проверено, познато, но и помалку контроверзно име ќе ја дели правдата во вторник во Кардиф на средбата Велс – Македонија, во меч од последното коло во квалификациската група Ј за пласман на СП 2026.

Тоа е Дани Макели, кој е познат на нашата јавност како судија од Холандија кој и судел на Македонија во неколку наврати и тоа во баражот за ЕП со Косово, потоа со Германија во Скопје во квалификациите за СП 2022 година. Инаку тој и судеше на Шкендија кај Карабах во рамките на 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите ова лето против. Исто така е познато дека Макели на последното ЕП, поради голем кикс, мораше предвреме да го заврши својот настап на првенството.Сепак и натаму важи за еден од најдобрите судии во Европа. Токму затоа таков судија од таков калибар е одреден да ја дели правдата на овој екстра значаен меч за двете селекции.

Исто така неговите помошници и ВАР судиите се од Холандија.

Да потсетиме мечот во вторник на “Кардиф стадионот“ во Кардиф е закажанз 20:45 часот и решава кој ќе биде втор во групата и кој ќе игра бараж за пласман на СП 2026.

ПретходноНеверојатно: Фудбалер во Израел суспендиран на 99 години!
СледноРепрезентативец на Косово се расплака и порача дека многумина треба да се плашат