
Групата Ф која е секако дел од Мундијалските квалификации предмалку го имаше своето финале.
Португалија и официјално е на Мундијалот со освоено прво место и 13 бодови откако денеска со 9:1 ја декласираше Ерменија на свој терен.
Од друга страна пак во невидена драма на Пушкаш арената во Будимпешта, Ирска приреди сензација и со 2:3 ја победи домашната Унгарија. Домаќинот преку Лукаш дојде до предност во третата минута, за да Перот од пенал израмни во петнаесеттата.
Варга носи ново домашно водство во 37. минута, за да Перот по втор пат во 80.минута носи изремнување.
Истиот играч во ретко видена завршница, во шестата минута од судиското продолжение погоди за 2:3, и со тоа ја однесе Ирска во баражот и второто место на табелата, а ја елиминираше Унгарија од понатамошните борби.









