Бразил доби победник во слалом во Светскиот куп

26

Лукас Бротен е првиот, и воедно сензационален победник од Бразил, кој што бил прв на една трка од Светскиот куп во Алпско скијање.

На стартот на сезоната, поточно на почетниот слалом, одржан денеска во Леви, Финска, бразилецот по првата, но и по втората трка беше најбрз и заслужено ги освои бодовите по одлични услови за возење денеска.

На втората позиција се пласираше Клермонд Ноел од Франција, за кого секако ова место не е изненадување, но последното име кое што се искачи на пиедесталот секако е енигма за многумина.

Се работи за домашниот скијач, Едуард Халперг кој што иако имаше стартен број 29 сепак стигна до својот најголем успех во кариерата.

 

ПретходноВажни три бода за Струмица жени во Битола
СледноЈакимовски со 15 поени во поразот од Сасари