Еве како Македонија може да биде домаќин во полуфиналето во баражот за СП!

229

Иако има некои теоретски шанси да бидеме и први во групата, секако ако Белгија дома загуби од Лихтенташтајн, и со тоа да одима директно на СП 2026, сепак пореално е да одиме во баражот. Само уште не се знае дали преку квалификациите или преку Лигата на Нации.

Дефинитивно шеширите ќе бидат познати во вторник после 23 часот кога ќе завршат сите квалификациски натпревари.

Секако цела македонска фудбалска јавност е преокупирана во кој шешир Македонија ќе се најде.

Инаку познато е дека ќе има четири шешири по 4 селекции, и ќе се игра една од 1 и една од 4 шешир и една од 2 и една од 3 шешир.

Во тие полуфинални мечеви селекциите од 1 и 2 шешир ќе бидат домаќани а кој ќе биде домаќин во финалињата ќе се знае по ждрепката.

Значи ако Македонија сака да биде домаќин во 1/2 финалето, тогаш ќе мора да биде најмалку во вториот, а што треба да се “поклопи“ за да ја

ждрепката ја чекаме од 2 шешир, треба да се исполнат овие услови:

-Македонија да го победи Велс

-БиХ да не ја победи Австрија

-Албанија да загуби од Англија

-Украина да не го победи Исланд

ПретходноДа се знае кој е кој: Новак Ѓоковиќ урна уште еден рекорд!
СледноЗа три дена им даде пет голови на Португалија и Унгарија и ја однесе Ирска во баражот!