Европски ракомет во Охрид, Слога Добој нов предизвик!

32
ФОТО: GRK Ohrid/FB

Екипата на ГРК Охрид денеска игра нов натпревар од ЕХФ Европскиот Куп, на домашен терен го пречекува тимот на Слога Добој, дуелот е закажан со почеток во 19 часот во СЦ „Билјанини Извори“.

„Пред нас е важен натпревар против екипата на Слога Добој. Мора да влеземе максимално мотивирани и концентрирани. Ги почитуваме противниците, но ќе дадеме сè од себе за да победиме со што поголема разлика на домашен терен. Ги повикувам нашите навивачи да не поддржат во што поголем број“, изјави Давид Савревски.

Претходно охриѓани дојдоа до двојна победа против Баки, додека пак противникот беше подобар од Добелес.

Билетите за мечот меѓу ГРК Охрид и Добој можат да се купат и на билетарата во салата „Билјанини Извори“.

ПретходноРепрезентативец на Косово се расплака и порача дека многумина треба да се плашат
СледноШтип УГД единствен непоразен, важен триумф за Шкендија