И се враќа, и тоа како се враќа. Легендарниот Зинедин Зидан пред неколку денови изјави дека набргу се враќа на тренерската работа. Последните информации од Франција велат дека има договор меѓу него и раководството на Фудбалската федерација на таа земја и дека тој е новиот селектор на “триколорите“, а на селекторската фотеља ќе седне после СП 2026.
Имено познато е дека на Дидие Дешамп договорот му истекува во јули следното лето, па најнормална работа на негово место да дојде човекот кој на Реал Мадрид како тренер му донесе три трофеи во ЛШ.
Франција има супер селекција, предвоена од Килијан Мбапе, и секако дека во наредната деценија ќе биде еден од главните фаворити за освојување на трофеите на СП и ЕП.










