Селекторот Благоја Милевски, како по обичај, си има проблеми со здравствениот билтен пред дуелот во вторник против Велс. Се знае дека Висар Муслиу и дефинитивно отпадна од комбинација за овој меч и не е во составот на нашата репрезентација во Кардиф. Тој не играше и на средбата со Летонија, односно беше во „аут“. И покрај сите напори на лекарскиот тим, сепак одличниот стопер нема да биде во тимот во вторник вечер.
Настапот на Јани Атанасов е под голем знак прашалник, и тој не беше во комбинација за мечот со Летонија пред неколку дена. Проблемите се уште поголеми ако се знае дека десниот бек на Струга ТЛ, Бојан Илиевски се повреди на тој меч со Летонците и не е 100% фит.










