Шампионот одлично ја стартуваше новата сезона со “пет од пет“ во Премиерлигата, но потоа Ливерпул го “фати“ тешка резултатска и играчка криза, па така еден од најскапите тимово во светот сега како да не може да се препознае.
Дека “Редси“ сега се далеку од шампинската трка, смета и легендарниот Алан Ширер:
“„Не ги гледам дека се во шампинската трка. Веројатно мислам дека треба да победат во секој натпревар од сега до крајот на сезоната, за да дојдат до нова титула. Мислам дека тоа е невозможно. Затоа навистина мислам дека веќе ја завршија трката за шампионатот. Лигата на шампионите и ФА Купот се натпреварувањата на кои треба да се фокусираат, но не ги гледам како освојуваат ниту еден трофеј ако не ја подобрат својата игра“, рече Алан Ширер.
Но, табелата вели дека Ливерпул сега е осми со осум бода помалку од првопласираниот Арсенал, па затоа е тешко да се каже дека титулата е изгубена за „Црвените“.
Ливерпул, кои се бранители на титулата во Англија, потрошија 400 милиони фунти ова лето за да доведат засилувања, срушија два рекорда, но залудно, добрите игри сè уште чекаат…










