Пелистер го преживеа пеколот во Куманово

3
фото: КК Пелистер Битола (FB)

Дербито на седмото коло во Супер-лига мина во знакот на Пелистер, кој славеше на гости кај Куманово со 79-87. Дуелот се одигра пред  3.500 фанови. Со овие бодови битолчани се вратија на врвот на табелата со 13 бода, исто колку и ТФТ. Трет е Куманово, додека МЗТ Скопје е на четвртото место.

Вилсон со 21 поен беше лидер кај победникот, зад него беа Стајиќ со 16 поени и Дејвис со 15. На другата страна Луковиќ со 34 поени и 19 скока беше убедливо најдобриот играч на теренот, но овој учинок не беше доволен за триумф.

Пелистер подобро влезе на мечот, отвори со 6-11, но веднаш следеше одговор од домаќинот кој со серија од 9-0 поведе со 15-11. Сепак првата четвртина им припадна на гостите ја добија со 27-16 за 49-40 на одморот. Пелистер успеа да го добие третиот период со 13-19 и покрај тоа што немаше решение за Луковиќ.

Во последните решавачки десет минути Куманово влезе со позитива од 62-59. Пелистер за минута и пол направи пресврт, со серија од 8-0 поведе со 62-67. И не застана тука, со тројката на Митревски успеа да дојде до двоцифрени 68-71.

Куманово врати со осум поени во низа за 75-81. Важна тројка постигна Крстевски за 75-84, нешто подоцна од истото место погодои и Стајиќ за 77-87 на помлку од една минута. Токму овој момент беше клучен за конечниот исход.

Претходно Феникс на домашен терен беше совладан од Кожув со 73-76.

ПретходноИ дефинитивно без Муслиу против Велс, под знак прашалник се Илиевски и Атанасов!