Ракометарките на Металург елиминирани во ЕХФ Европскиот Куп!

38
фото: Whc Metalurg Avtokomanda (FB)

Штета, навистина штета ако се знае дека на првиот меч од 1/16 финалето во женскиот ЕХФ Европскот Куп имаше супер резултат од 24:24. Но денеска на свој терен, ракометарките на Металург Автокоманда загубија со 25:26 и со тоа се елиминирани во оваа фаза од ова европско натпреварување.

Во првиот дел од првото полувреме се водеше рамноправна битка, во еден момент беше 5:5, но сепак како што одминуваше времето гостинките од Хрватска беа подобри и на крајот на првото полувреме резултатот гласеше 11:17.

И тогаш како да се почуствува дека домашните ракометарки ги чека навистина тежок предизвик. Во второто полувреме беше подобро, домашните ракометарки ја намалуваа разликата, во еден момент беше само -1, а во финишот се случуваше вистинска драма. Сепак на крајот ракометарките на Сплит славеа победа од 25:26 и пласман во 1/8 финалето.

Божиноска со 9 голови беше најефикасна во таборот на Металург Автокоманда.

ПретходноПортугалија на Мундијал, Ирска ја расплака Унгарија
СледноДа се знае кој е кој: Новак Ѓоковиќ урна уште еден рекорд!